Српскиот тенисер Ѓоковиќ, поранешниот светски рекет број еден, обезбеди пласман во четвртфинале на АТП Мастерсот во Мајами по победата во два сета над италијанецот Лоренцо Музети.
Новак Ѓоковиќ го одигра најдобриот меч на турнирот, само почетокот му припадна на Музети кој направи брејк и поведе со 2-0 а потоа Србинот ги доби наредните девет гејма и поведе со 1-0 во сетови (6-2) и 3-0 во втората рунда.
Јасно беше дека Музети ќе го претрпе осмиот пораз во деветтиот дуел со српскиот ас кој има најмногу освоени грен слем титули. На крајот Новак триумфира со 6-2 и 6-2 и се пласира меѓу осумте најдобри, а во четвртфиналето ќе има пресметка со Себастијан Корда.
Корда беше подобар од францускиот ветеран Монфис со 2-1 во сетови, а со Ѓоковиќ се има соочено пред две години во Австралија каде по нешто повеќе од три часа игра беше поразен од фаворитот во финалето на Аделаид.