Новак Ѓоковиќ продолжи со победите на Мастерсот во Мајами, откако во одложениот меч од четвртфиналната фаза со 2-0 во сетови го совлада домашниот тенисер Себастијан Корда (6-3, 7-6/4).
Американецот, имаше проблеми со повреда на зглобот, па настапот беше неизвесен, но се појави на теренот и одлично се држеше против фаворитот. Двајцата тенисери беа сигурни на свои сервиси, а во осмиот гем, српскиот тениски ас без загубен поен го доби првиот брејк, а подоцна го потврди и го доби првиот сет.
Во вториот сет Корда направи брејк и поведе со 3-0. Американецот имаше водство и од 5-2 и беше на чекор до освојување на сетот, но Ѓоковиќ никогаш не се предава, покажа дека е екстра класа од тенисер, влезе во ритам и стигна до победа. Направи брејк во деветтиот гем за 5-4, а во тај-брејкот, Србинот ја искористи првата меч топка и заслужено триумфира со 4-7 и се пласира во полуфиналето на мастерсот во Мајами.
Во полуфиналето Новак Ѓоковиќ ќе има пресметка со бугарскиот тенисер Григор Димитров.