Џорџ Камбосос е новиот светски шампион во лесна категорија во бокс.
Веќе во првата рунда имаше проблеми за Теофимо Лопез, кога Камбосос првпат му зададе нокаут што значеше 10-8 во рунди автоматски, па јасно е зошто Лопез не смееше да го дозволи тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=10UGiR4kURQ&t=2s
Сепак, како одминуваше времето шампионот стануваше се подобар и подобар и дури успеа да возврати во десеттата рунда, но кога беше донесена одлуката беше решено дека Лопез е поразен.
Рака на срце, одлуката на судиите беше поделена и првите двајца гласаа 115: 112 и 115: 111 за Камбосос, додека третиот му даде предност на Лопез 114: 113.
Камбосос на тој начин ги освои појасите на ВБА, ВБО и ИБФ, кои Лопез ги освои пред 13 месеци од Украинецот Василиј Ломаченко.
https://twitter.com/ESPNRingside/status/1464820132304371717?s=20