Ракометарите на Хрватска го совладаа моќниот тим на Франција со 31-28 и приредија големо изненадување на СП и се пласираа во финале на ракометниот мундијал. Хрватска ќе игра натпревар за титулата светски првак, против победникот од пресметката меѓу селекциите на Португалија и Данска.
Хрватите понесени од фантастичната атмосфера во преполната загрепска арена, тргнаа фуриозно против големиот фаворит. Со цврста и подвижна одбрана Хрватите ги сопреа „триколорите“, а во нападот беспрекорни на стартот беа Јелиниќ и Мараш. Левото крило блескаше и беше најзаслужен за водството на Хрватска од 4-7. Францускиот селектор Жил реагираше со прво тајм-аут, но „коцкестите“ продолжија со пеколен ритам. Мараш со два гола ја однесе Хрватска до највисоки пет гола предност (5-10) а на полувреме имаше капитална предност од седум гола 11-18.
Но на голот со фантастичниот голман Доминик Кузмановиќ кој блескаше Хрватска ја врати предноста од шест голови 18-24. Следуваше подобра игра на французите, а грешки на Хрватска, па дуелот отиде во неизвесен финиш 25-28. Игор Карачиќ прво постигна гол од тешка позиција, а потоа изнуди пенал кој го реализира. Хрватска успеа да го сочува водството и славеше голема победа со 28-31 и пласман во финалето на ракометниот мундијал.
Најдобри стрелци кај победникот беа Јелиниќ и Срна со по седум голови, Мартиновиќ постигна шест, а Мараш четири гола. Кај Франција најдобарстрелец беше левиот бек Дика Мем со осум голови.