Тинејџерот на Барса Ламин Јамал, кој нема наполнето ни 18 години е најдобриот млад играч во светот во минатата година. Фактот дека го заслужува тој епитет покажува во секој нов натпревар, а така беше и на последниот дуел со Алавес во шпанското првенство.
Фудбалскиот бисер на Барселона изведе неверојатен потег кој веќе стана хит на социјалните мрежи. При една акција, младиот напаѓач ја зеде топката од својата половина на теренот, и почна да ги дрибла противничките фудбалери од средината на теренот до пред шеснасетникот, го издрибла целиот тим на Алавес, дефанзивците не знаеја каде се наоѓаат, а на крајот испрати топка на левата страна до Рафиња кој успеа даго промаши голот.
Потегот беше вистинско ремек-дело, кој може да се спореди со оној на Лионел Меси во времето кога го носеше дресот на Барселона.