Ракометните селекции на Франција и Португалија одиграа неверојатно возбудлив и динамичен натпревар, приредија вистинско шоу, а Французите предводени од Гијом Жил беа поуспешни во драматичната завршница (35:34) и го освоија бронзениот медал на СП во ракомет.

Пресметката за трето место перфектно го судеа македонските судии Начевски и Николов, натпреварот беше израмнет и неизвесен до самиот крај.
Франција на полувреме имаше водство од два гола 19:17.

Но Португалија воопшто не му дозволи на противникот да направи поголема предност и до последната секунда беше во игра за продолженија, но зицерот на Ареја од крило, заврши со фантастична одбрана на францускиот голман Болзингер.

Одбраната на Болзингер со глава по ударот на Ареја:

Французите освоија уште еден медал од големите натпреварувања, овојпат бронзен а најефикасни беа Мин со 10 и Наи со 6 голови, Бос, Фабрегас и Мем погодија по четири пати. Кај Португалија, Франсиско Коста и Итуриза беа стрелци на по седум голови.