Игор Вори (41) се враќа од пензија и повторно ќе игра ракомет. Легендарниот пивот и спортски директор на хрватската репрезентација сензационално потпиша за германскиот великан Фуксе од Берлин.
Бидејќи првиот пивот на тимот Јохан Кох отпадна до крајот на сезоната поради повреда, спортскиот директор и легендарен поранешен играч Стефан Кречмар состави список на потенцијални играчи и го убеди Вори да му се врати на ракометот по три години пензија.
„Доколку успее да слета денес, веднаш ќе му се приклучи на тимот“, изјави Кречмар.
Поголемиот дел од клубот го познава Игор, а јас имам слушнато само позитивни работи за него“, изјави тренерот на Берлин, Јарон Сиверт.
Игор Вори е еден од најтрофејните ракометари во светот, а со хрватската репрезентација освои се освен европско злато. Беше светски и европски првак, а во својата ризница има уште многу медали од најголемите натпреварувања.