Лидер на таа генерација ракометари беше Пепи Манасков, а првата мундијалска шанса ја доби и младиот Кире кој се покажа со 1 гол против Саудиска Арабија, 1 против Бразил и 8 на последниот меч против домаќинот Египет. У
Уште на тоа првенство легендарниот македонски спортски коментатор Златко Калински изјавува дека Кире е иднината на македонскиот ракомет. И не згреши. 23 години подоцна Кирил Лазаров секогаш бил на висини на задачата одигра безброј натпревари. Заигра на 6 европски првенства и 7 Светски првенства.