Вечерва во рамките од второто коло на ракометната Лига на Шампиони, Вардар 1961 го пречекува Мешков Брест.
Црвено црните најавуваат прва победа и освојување на два бода. Инаку противникот од Белорусија традиционално е незгоден противник за Вардар и во последните три натпревари македонскиот првак има запишано три порази.
Сепак овој Вардар за разлика од лани има голема смена на играчкиот кадар вклучувајќи го и стручниот штаб. Со поддршка од публиката која на трибините се очекува да биде околу 2.000 треба да очекуваме интересен и неизвесен меч.
Натпреварот започнува со почеток во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Напомена: Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.