Неверојатна животна приказна на младиот 23-годишен стопер.
Неговото име е Федерико Гати, момче кое од јануари е член на Јувентус, но и оваа полусезона ја играше како позајмен во Фросиноне.
Просто звучи неверојатно дека играч кој никогаш не играл во Серија А, туку исклучиво во пониските италијански лиги, заиграл за италијанската репрезентација а тој токму тоа го направи.
Јувентус од лето ќе го задржи во својот состав, го купи од Фросиноне за 5,5 милиони евра. Инаку, во текот на својата кариера, овој 23-годишен стопер пред шест години играше во шестиот ранг на италијанскиот фудбал, во сезоната 2019-20 играше Серија Д за Вербанија, а потоа во сезоната 2020-21 во Серија Ц за Pro Patria.
Минатата сезона во Серија Б ја започна за Фросиноне каде што го докажа својот многу висок квалитет, па во јануари стигна поканата од Јувентус, а летово и од репрезентацијата, односно Роберт Манчини.
Вчера ги одигра сите 90 минути и придонесе Италија да остане непоразена против Англија, беше 0:0.
Замислете, пред само три-четири години, додека играше Серија Д, беше ѕидар, дури и столар, работеше градежни работи, а кога ќе се вратеше, одеше на пазар да продава стока .