Струга Трим Лум оствари сигурен триумф (4-2) над албанскиот тим Егнатиа. Тимот на Срѓан Захариевски имаше убедливо водство од 4-0, а потоа ривалот малку го ублажи поразот.

Фљамур Таири погоди од белата точка, а потоа и Бесарт Ибраими. Третиот гол беше дело на Јусуфи, а стрелаше и Мерџани. Откако стружани обезбедија голема предност, потоа гостинскиот тим од Албанија, Егнатиа успеа да доживее чесн пораз и да се спаси од тотален дебакл.