Откако Светското првенство во Катар ја донесе највозбудливата групна фаза некогаш видена на Светско првенство, со испробан формат што ги воодушеви стотици милиони навивачи, ФИФА сега се соочува со можноста да промени сè додека се обидуваат да вклопат 48 тимови во изданието за 2026 година во Северна Америка .
Тоа значи дека управното тело на светскиот фудбал повторно размислува за промена на форматот за следното Светско првенство бидејќи нивните првични планови да имаат 16 групи од по три селекции во првата фаза, при што по две од секоја ќе напредуваат во следната фаза, сега исто така изгледаат опасно досадно и потенцијално како плодна почва за калкулации и неспортско однесување.
Како што стојат работите за 2026 година, кога Канада, Мексико и САД се кодомаќини на Светското првенство, постои ризик од многу „мртви натпревари“, на пример, ако последниот натпревар во групата е помеѓу две селекции кои веќе имаат по една победа и се затоа веќе пласирани понатаму.
ФИФА на почетокот на оваа година призна дека е загрижена за можноста за местење натпревари каде што две екипи би можеле да играат со резултат кој им одговара на двете, со што ќе се елиминира третиот тим од групата,
„Тоа е прашање што е покренато“, изјави во март потпретседателот на ФИФА, Виктор Монтаљани.
Во форматот за 2026 година, од 48 екипи, 32 остануваат по групната фаза, а потоа турнирот оди во нокаут фазата. Алтернативните формати сега се на маса, а Советот на ФИФА, семоќниот кабинет на организацијата, треба да одлучи следната година.
Тие, според шефот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер, се 12 групи од по четири тима, а најдобрите третопласирани селекции напредуваат заедно со првите две, или другата опција за поделба на Светското првенство во две одделни натпреварувања. По 24 екипи од кои секоја вклучува шест групи од по четири екипи. Победникот на секој од тие одделни настани би се сретнал во финалето.
Со оглед на тоа колку драматични и возбудливи беа некои од групите со четири тима на Светското првенство во Катар, тоа се чини поиздржлив предлог.
Но, тоа ќе значи значително зголемување на бројот на натпревари. Светското првенство во Катар со 32 селекции има вкупно 64 натпревари и ќе се комплетира за 29 дена, а засега финалето во 2026 година ќе биде со 80 натпревари во текот на 32 дена. Со четири екипи во секоја група, би имало дури 104 натпревари, за кои е потребно времетраење од најмалку една недела повеќе.
Сепак, повеќе натпревари би значеле повеќе пари од телевизиските права, а со оглед на тоа што Светското првенство ќе генерира околу 90 отсто од приходите на ФИФА, нејзините челници ќе бидат во искушение.
Светското првенство во Катар заработи 7,5 милијарди долари од права и приходи од спонзорства, што е 1 милијарда долари повеќе од турнирот во Русија во 2018 година, објави ФИФА минатиот месец.