Ѕвездата на Хатајспор, Кристијан Атсу, е извлечен од под урнатините по катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција. Тој е префрлен во болница со повреди на ногата и на градниот кош.
Постоеја сомнежи дали навистина Атсу е жив, па турските медиуми објавија и видео-снимка од неговото извлекување од урнатините.
И на социјалните мрежи се појави видеото за кое се тврди дека е од местото каде што бил извлекуван фудбалерот од Гана. Атсу имаше среќа да биде пронајден жив, тој е во болница со повреди на ногата и имал отежнато дишење.
https://twitter.com/ajansspor/status/1622713746564022287?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622713746564022287%7Ctwgr%5Ebc02fe32ec6aed6c1f7b8536165a45731d5d61fe%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fzvezdata-na-hatajspor-e-izvlechena-od-urnatinite-video%2F