Елмас и Наполи одат на гости кај Ајнтрахт, мега пресметката е на “Енфилд“ каде Ливерпул го пречекува актуелниот европски шампион Реал Мадрид, во лигата на шампиони. Наполи е фаворит во двата меча во оваа пресметка, блескавиот состав на Наполи се очекува да ја мине без проблем оваа пречка, но Ајнтрахт Франкфурт е тим кој не смее да се потцени, посебно не кога игра дома, бидејќи лани ја освои Лигата на Европа.

Фановите на тимот од Неапол очекуваат тренерот Спалети да му даде минутажа на Елмас кој игра во фантастична форма. Ако не биде стартер, тогаш секако треба да добие шанса во второто полувреме.

Image

На натпреварот што се игра на „Енфилд“ треба да гледаме мега – дуел, европско дерби, и реприза од последното финале во ЛШ  меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Лани играа во големото финале во Париз а сега жрепката сакаше силите да ги одмерат, уште во 1/8 финалето.

Ова ќе биде и пресметка меѓу тренерите Јирген Клоп и Карло Анчелоти, едни од најдобрите светски стратези во последната деценија. Се очекува вистински спектакл на дуелот на ланските финалисти.

И во двете екипи ќе отсуствуваат доста играчи поради повреди, но сепак и двете екипи имаат солиден ростер на фудбалери, за да одиграат на врвно ниво.