Екипите на Нотингем Форест и Ливерпул одиграа 1-1 на „Сити граунд“, со што лидерот во Премиер лига ја задржа предноста од шест бода на врвот на табелата. Нотингем е вистински хит на островот, но имаат и еден одигран меч повеќе, а сепак може да жалат што не успеаја да стигнат до победата и да го земат скалпот на лидерот.

Домашните уште од стартот тргнаа во офанзива, а напаѓачот Крис Вуд во осмата минута го доведе Нотингем Форест во водство на овој дуел.

Ливерпул успеа да израмни во второто полувреме. Стрелец на голот беше Диого Жота во 66.минута од натпреварот. По една нафрлена топка од корнер Жота беше најснаодлив во мешаницата пред голот и со глава ја смести топката во мрежата на домашните.

 

Гостите од Ливерпул тргнаа и попобеднички гол, создадоа три-четири стопроцентни шанси за гол, но феноменалниот голман Матс Селс правеше чуда на голот на Нотингем и со неверојатни одбрани ја сочува својата мрежа.

Ова резултат не донесе промени на врвот на табелата, па така Ливерпул останува со шест бода повеќе од Нотингем, додека трет е Арсенал со еден бод помалку од „шумарите“.

Двата гола може да ги видите ТУКА.