Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Австралија опен. Тој со 3:1 во сетови го победи Жаиме Фари од Португалија. Резултатот беше 6:1, 6:7, 6:3 и 6:2.

Изненадувачки беше тоа што Ѓоковиќ му дозволи на противникот да го добие вториот сет во тај-брејк, каде популарниот Ноле е неприкосновен и речиси најдобар во светот. Овој дуел беше и историски за тенисерот со најмногу гренд-слем титули во историјата. По 430 пат Ѓоковиќ играше на гренд-слем дуел, со што го надмина досегашниот рекорд на Роџер Федерер.

Новак Ѓоковиќ стана и првиот тенисер кој успеал да стигне до 150 грен-слем победи по наполнување на 30 години. Такво нешто досега имаше само кај жените а рекордот го држи Серена Вилијамс.

Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против 25-тиот тенисер на АТП листата, Томаш Махач од Чешка, кој по голема борба во пет сета беше подобар од Опелка.