Валенсија со нашиот голман Столе Димитриевски постигна рутинска победа на гости кај нисколигашот Оуренсе со 0-2 (0-0) и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во шпанскиот Куп на Кралот.
Гостинскиот тим на Валенсија во вториот дел успеа да стигне до целта. Најпрво автогол си постигна дефанзивецот Кармона, а точка на победата стави новото засилување Умар Садик со гол во 78. минута.
Столе Димитриевски повторно беше меѓу стативите и имаше солидна партија а остана и со чиста мрежа.
Валенсија се наоѓа на самото дно на табелата не ѝ „цветаат розите“ во шпанска Примера, но успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Кралот со две идентични победи над нисколигаши во последните два натпревари.