Екипата на Денвер Нагетс се спаси од пораз во веќе добиен натпревар против Феникс, а Никола Јокиќ го спречи изненадувањето за домаќините со неверојатен ефект со кој влезе во историјата на НБА лига.

Српскиот генијалец постигна 31 поен, 21 скок и 22 асистенции, со што стана првиот кошаркар во историјата на НБА со трипл-дабл со 30+ 20+ 20+ ефект.
Само Легендарниот Вилт Чембрлен и Расел Вестбрук имаа трипл-дабл учиноци со 20+ 20+ 20+, но Јокиќ ги помести границите и стигна до она што  и за најголемите кошаркари било недостижно во кариерата.

Денвер имаше 21 поен предност на оваа средба, но Феникс успеа да направи целосен пресврт, а во дополнителните минути нагетси стигнаа до триумф. Букер со 34 поени бешекај најефикасен играч во гостинскиот тим.