Македонските кошаркари овој циклус претквалификации го завршија како први во групата и покрај поразот од Словачка на вчерашниот натпревар. Имаше многу недостатоци особено во одбраната и им дозволивме на словаците да постигнат дури 88 поени.
Лошата игра на Македонија беше причина селекторот Драган Бајиќ едноставно да полуди на еден тајм-аут.
„Немате памет за овој спорт! Ти немаш памет, дали ти е јасно. Каков мозок може да го стори тоа? Каков е тој шут. Не сакам да играш за поени, кој си ти, ало? Никој не игра одбрана! Што правиш ти те прашувам?“ – викаше Бајиќ по репрезентативците.