Кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени од Фенербахче со резултат 61:57 во првото коло од Евролигата.
Фенербахче силно влезе во натпреварот, Звезда беше доста скромна на стартот во Истанбул и не можеше да постигне кош во првите шест минути.
Тимот на Александар Саша Ѓорѓевиќ во тој период постигна 14 последователни поени, а со влегувањето на Никола Ивановиќ, се сменија многу нешта во корист на Црвена Звезда, па токму тој ги постигна првите поени на Звезда во Евролигата оваа сезона.
По тие поени за 14: 2, Звезда направи серија од 13: 2 и Ѓорѓевиќ мораше да реагира со тајмаут после кој неговиот тим некако успеа да ја задржи предноста на крајот од првата четвртина, кога резултатот беше 18:15.
Во втората четвртина видовме силна одбрана на двете страни, Радоњиќ дури се обидуваше со зонски пресинг од време на време, но тимот на Фенербахче постојано ја одржуваше минималната предност . Вистинска рововска битка и по 20 минути на семафорот стои 28:26 во корист на Фенербахче, и верувале или не во овој период, Фенер стрелаше 1/8 за три, а Звезда 2/10 .
Слична слика на теренот беше видена и во третиот дел. Тешко беше повторно да се постигнат поени, а освен краток блиц, Звезда постојано го бркаше резултатот а Фенербахче овој период го заврши со предност од осум поени .
Екипата на Радоњиќ одлично ја започна последната делница, со серија од 5: 0, по што сдојден на само три негатива – 45:42 по брз контра -напад и забивање на Лазаревиќ.
Сепак, Фенербахче, го одби нападот на Звезда и не им дозволи на белграѓани повторно да го преземат водството.
Нова надеж за Звезда беше тројката на Ивановиќ, со која ја намали разликата на 58:52 на влезот во последната минута од играта, а последните секунди ги одбележа уште една негова тројка за 60:57.
На другата страна, Де Коло погоди едно фрлање за 61:57 и така го реши натпреварот.
Никола Ивановиќ беше најдобар кај Звезда со 16 поени, а на тој учинок додаде шест асистенции. Калиниќ и Волтерс мечот го завршија со по девет поени. Од друга страна, единствениот двоцифрен играч кај домаќинот беше Пјер со 13 поени.