Во пресрет на утрешниот натпревар од четвртфиналето на СЕХА лигата предводникот на зелено-белите со свое видување:
“Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим. “- изјави Жељко Бабиќ.
“Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј.” – додаде тој.