Ракометарите со три порази се простија од ЕП во Унгарија од Словачка, се претставија во добро светло освен партијата со Црна Гора.
А ако нешто треба да се потенцира тогаш тоа е феноменалната публика која секогаш дава 100% на секој натпревар. Фалангата во Дебрецин покажа неверојатен дух, фанатизам и љубов кон татковината Македонија.
Дури и во моментите кога Македонија губеше со 8 гола разлика од трибините ечеше Бисер Балкански, Едно име имаме и им покажаа на данските навивачи и на ракометна Европа кој е шампион на трибини.