Ракометарите на Вардар пристигнаа во Загреб и го одработија тренингот пред реванш натпреварот. Првиот меч заврши со триумф на Вардар, 24-20.
„Не очекува тежок натпревар. Ќе мораме да одиграме многу добро, Ако одиме д абранме 4 гола, нема да поминеме. Па и ако не играме добро, можеби ќе загубиме со 1, Ако калкулираме со времето и семафорот нема да минеме. Во СЕХА лигата сите имаат шанса да стигнат до Ф4. Сакам Вардар да остане како единствен тим кој настапил на сите Ф4 турнири.
Покажавме дека играме одличен ракомет со многу контакти. Многу фактори ќе решаваат. Шансите се на наша страна, мислам дека ќе постигнеме повеќе од 21 гол, што би значело дека Загреб ќе мора да победи со најмалку пет гола.
Мислам дека е во наша корист што ќе има навивачи на трибините“. – ијзави Веселин Вујовиќ.
Натпреварот од четврт-финалето на СЕХА лигата меѓу ППД Загреб и Вардар се игра утре во 20 часот во Загреб.