Капитенот на Динамо Аријан Адеми нема да му биде на располагање на Жељко Копиќ против Севиља поради повреда на квадрицепсот, а под знак прашалник е неговиот настап против Осиек .
Голем удар доживеаја амбициите на Динамо во реванш натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа против Севиља. Сините ќе бидат лишени од услугите на нивниот капитен и играч за врска, Аријан Адеми.
Адеми доби удар во квадрицепсот во пресметката со Јосип Мишиќ на неделниот меч со Локомотива и мораше да ја напушти играта само десет минути по влегувањето бидејќи натпреварот го започна на клупата за резерви.
ХРТ јавува дека станува збор за контузија на мускулот и Адеми нема да биде во составот за Севиља, а под знак прашалник е настапот на капитенот на уште еден важен натпревар, оној против Осиек в недела.
До крајот на неделата здравствената состојба на капитенот ќе се знае дефинитивно“, јавува ХРТ од сините редови.
Адеми има доста проблеми со повреди оваа сезона. Тој квадрицепс веќе го мачеше, па против Локомотива играше со видлив завој во тој предел, а сезонава веќе отсуствуваше еден месец летото од крајот на јули до септември, како и од средината на октомври до ноември.
Колку македонскиот репрезентативец од средниот ред значи за Динамо говори фактот дека некои неповолни резултати за тимот се случија кога тој не беше на теренот , како ремито си Ријека , поразите од Рапид и Локомотива , како и елиминацијата од Шериф од Лигата на шампионите .
Динамо во четврток заостанува 1:3 зад Севиља, додека во недела ја брани лидерската позиција во Првата лига на ХТ против директниот конкурент Осиек .
Да се надеваме дека повредата на Адеми не е толку сериозна и дека ќе може да се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за бараж дуелот за пласман на СП во Катар против Италија .