Манчестер јунајтед направи кикс кога најмалку требаше, и тоа на „Олд Трафорд“ против Вотфорд (0-0), па така пропушти можност да му се приближи на Челси на третата позиција на табелата, додека Кристијан Ериксен конечно се врати на теренот по срцевиот удар на Еуро 2020, но Брентфорд загуби со 0-2 од Њукасл.
„Црвените ѓаволи“ создадоа многу шанси, меѓутоа ниту еднаш не успеаја да ја затресат мрежата на голманот Фостер, па така Кристијано Роналдо и неговите соиграчи уште еднаш ги разочараа навивачите.
Њукасл влезе во одлична форма и го совлада Брентфорд со 2-0, но исто така го расипа кам-бекот на Ериксен на теренот, додека Барнли освои само бод против Кристал Палас (1-1).
„Ѓаволите“ се на четвртата позиција со 27 одиграни меча и 47 освоени бодови, односно три помалку од Челси, но имаат одиграно и два натпревари повеќе од „сините“.