Maкедонија утре во 18 часот го игра натпреварот со Исланд на гости во рамките од петтото коло во квалификациите за Светското првенство.
Пред овој натпревар изјава за медиумите даде Стефан Спировски.
„Натпреварот со Ерменија беше прв натпревар за нас со новиот селектор, нови замисли, нови идеи…Мислам дека добро се прилагодивме на стилот на игра кој го практикува, меѓутоа Ерменија добро се бранеше. Ние не ги искористивме тие шанси кои ги имавме, сега сме тука во Исланд да се обидеме да ги надполниме изгубените бодови“.
„Според мене немањето минутажа кај некои играчи не е проблем. Тука доаѓаме да играме за нашата држава и оставаме зад нас. Максимално сме спремни да дадеме се за црвениот дрес“.
„Оваа група е изедначена кога Германија ќе се тргне на страна и за тоа второ место сите имаме шанси. Ова ние добра прилика да направиме чекор напред и да ја стигнеме Ерменија за тоа второ место кое носи бараж“, изјави Спировски.