Атланта Хоукс го совлада Бруклин Нетс со 122:115, а во победата придонесе српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со осум поени, но потегот на натреварот не беше признаен како кош поради грешка на семафорот. Иако формално ги промаши сите шест обиди за тројка, Богдановиќ успеа да погоди една од центарот.
Во претпоследната минута од натпреварот Кевин Хуертер промаши тројка, но топката се одби од таблата без да го допре обрачот. Штом Кевин Дурент ја исфрли топката од својот рекет, семафорот за нападот беше ресетиран на 24 секунди, но Хоукс сепак дојдоа до топката, а Богдановиќ шутна блиску од центарот и постигна кош.
Но, судиите веднаш покажаа дека кошот не вреди бидејќи играта мораше да се прекине по погрешно ресетирање на семафорот.