Младиот француски тенисер Микаел Куаме предизвика голем скандал по завршувањето на мечот против Рафаел Нии Анкра на ИТФ турнирот во Акра, Гана.
Првиот носител загуби во три сета со 6-2, 6-7 и 7-6 и тешко го поднесе поразот. При поздравувањето на мрежата по завршувањето на мечот му удри шлаканица на ривалот.
Сцените станаа уште полоши кога во инцидентот се вклучија и тимовите на двајцата тенисери и поединци од трибините.