Е. Пелистер ќе биде единствен македонски претставник во новата сезона на Европската лига на ЕХФ. Денес се одржа ждрепката по која 24 учесници беа поделени во шест групи. Битолчани се најдоа во групата Д заедно со Татабања, Аек Атина, Спортинг Лисабон, Ним и Кадетед Шафхаузен.
Сите ривали, освен Ним, се стари познаници и екипи со кои пелистерци играле официјални или турнирски натпревари.
Европска лига (групна фаза):
Почетокот на сезоната во Европската лига се планира за 19 октомври, а во првото коло француски Ним ќе гостува во Битола.