Саломон Калу фудбалерот од БС Коска кој со Челзи во сезоната 2011/12 стана европски првак има нов клуб. Францускиот „РМЦ Спорт“ открива дека Калу потпишал договор со амбицниозниот АС Арта Солар 7, шампионот на африканската држава Џибути кој неколку години привлекува внимание со интересни трансфери.
За овој клуб игра Алекс Сонг, поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона како и камерунскиот голман Карлос Камени и Дани Нуенкуа екс-играч на Лион.
Актуелниот првак на Џибути сака да направи изненадување во африканската ЛШ оваа година, а доаѓањето на екс-репрезентативецот на БС Коска е најголемиот нивен трансфер досега.
Калу после Челзи играше за Лил, потоа во Херта, а во 2021 година премина во бразилски Ботафого.