Интересно беше во Фиренца, каде Наполи по пресвртот ја совлада Фиорентина со 2: 1.
Тоа беше судир на двајца одлични стрелци, Душан Влаховиќ и Виктор Осимхен, но тие не ја затресоа мрежата.
Домаќинот поведе во 28. минута преку Мартинез Кварта, по асистенција на Влаховиќ.
Наполи тргна во офанзива и таквиот пристап им се исплатеше на гостите откако беше досуден пенал по прекршокот врз Осимхен. По промашувањето на Инсиње, Ирвинг Лозано погоди во 39. минута.
Пресвртот го донесе Амир Рахмани, кој го искористи центаршутот на Зиелински во 50. минута од натпреварот и со глава го совлада Драговски.
Рома славеше дома без проблеми против Емполи со резултат 2: 0.
Капитенот на „волчицата“, Лоренцо Пелегрини, го „прослави“ потписот на новиот договор со гол во 42. минута, а конечниот резултат го постави Хенрик Мхитаријан во 48. минута од натпреварот.
Жозе Мурињо со тоа стана рекордер по бројот на последователни натпревари на домашен терен без пораз во Серија А со 42 натпревари.