Битола слави: Еурофарм Пелистер е на фајнал-фор во СЕХА, Лесјак е херојот

Битола слави: Еурофарм Пелистер е на фајнал-фор во СЕХА, Лесјак е херојот
Еурофарм Пелистер се пласираше на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, македонскиот вицепрвак е последниот учесник, влезе во друштво на ППД Загреб, Веспрем и Нексе. Битолскиот тим имаше шанса да го реши мечот во регуларниот дел, но не успеа во финишот да ја задржи минималната предност, па дуелот беше решен по изведување на пенали, а таму главниот збор го имаше Лесјак. На крајот мечот заврши со 27-26 во корист на битолчани.

Сери со шест гола беше прв стрелец кај Е.Пелистер, еден помалку запиша Хосни, Танкоски беше стрелец на четири погодоци. Лесјак на крајот имаше пет одбрани.

Битолчани носени од одличната атмосфера, одлично влегоа во мечот, поведоа со 4-1, 5-2 и 10-7. На одморот беше 11-10, Мешков Брест успеа да се врати. Сепак пеколната атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ беше тешко издржлива за гостите, па пред средината на второто полувреме, Пелистер поведе со 18-15. Гостите притискаа, но Кизиќ и Радовиќ беа најдобри во најважните моменти.

Сепак Белорусите се доближија на 22-21 на нецели три минути до крајот, по тајм-аутот на Валтер, никој не успеа да реализира, на другата страна Мешков Брест се избори за седум метри и израмни на 22-22 за голема драма. Последниот напад го имаше Пелистер, Танкоски погоди за 23-22, но на другата страна Стевановиќ се избори за реми (23-23).

Кузманоски, прв ја отвори пенал серијата, Радовиќ промаши после него, но на голема среќа, истото се случи на спротивната страна. Следеа прецизни удари на двете страни, по што Лесјак го одбрани последниот удар за пласман на Ф4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ