Фудбалерот од средниот ред на Барселона и репрезентативец на Холандија, Френки де Јонг, за првпат ја коментираше трансфер сагата што се случуваше околу него изминатото лето. Не е тајна дека Каталонците инсистираа да го продадат холандскиот репрезентативец, но тој самиот ги одби опциите да се пресели во Челзи или во Манчестер Јунајтед.
„Цело време сакав да останам во Барселона. Затоа бев апсолутно смирен. Не можам да навлегувам во детали. Клубот има свои идеи и желби, јас имам мои. Понекогаш тие се спротивни. Но, се заврши добро“, изјави Де Јонг за „Мундо Депортиво“.