Според грчките медиуми, тој ќе потпише договор до крајот на сезоната. Јовиќ веќе го носеше црвено-белиот дрес во периодот од 2014 до 2017 година, по што замина во Баерн Минхен, а потоа настапуваше и за Химки и Панатинаикос. Со репрезентацијата има три сребрени медали и тоа по едно од Олимписки игри, Светско и Европско првенство.
Ц. Звезда ќе му биде домаќин на МЗТ в недела во салата „Пионир“ на стартот од новото првенство од АБА-лигата.