Македонските фудбалери Ељиф Елмас и Илија Несторовски имаа одлични настапи во пресметката меѓу Наполи и Удинезе која заврши со триумф на домашната екипа (3-2), тринаесетта оваа сезона за лидерот во Серија А.
Елмас беше поефикасен, имаше прво една асистенција до Виктор Осимхен, а потоа се запиша во листата на стрелците откако погоди за 3-0. Играчот од средниот ред го претрча целиот терен, одлично се ослободи од противичките играчи и погоди низ нозете на голманот.
- Погодокот на Елмас против Удинезе:
Илија Несторовски, пак, влезе од клупата за резерви во вториот дел. Се најде на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во 71. минута, а само седум минути подоцна постигна убав гол по акција, со шут нешто од пред пеналтикот.
- Погодокот на Илија Несторовски против Наполи:
За Наполи ова беше тринаесетта победа во 15 одиграни кола. Наполитанците се единствени без пораз во Серија А и имаат старт на сезоната од соништата. Ваков поеток немале уште од шампионските денови.