Македонската машка ракометна репрезентација синоќа беше поразена од Хрватска со 40-34 во рамките на „Кроација Купот“. Избраниците на Кирил Лазаров беа добри во нападот, но одбраната беше голем проблем.
На дуелот против Хрватите против кого Македонија дури и со најдобрите секогаш била поразувана, видовме неколку атрактивни голови во изведба на нашите ракометари, еден од нив доаѓа од Филип Кузмановски. Популарниот Фитиљ, кој мечот го заврши како втор стрелец со седум гола, покажа дека има топ во раката. Постигна гол кој долго време ќе се врти, исто како на Дејан Манасков.