Јапонскиот ракометен среден бек Косуке Јашухира се сели од полскиот Висла Плоцк во поранешниот европски и македонски ракометен шампион Вардар.
Јашухира има 23 години и доаѓа на едногодишна позајмица кај „црвено-црните“ со цел да му помогне на скопскиот гигант да се врати на тронот.
Јапонецот минатата сезона беше дел од француски Ним, а во домашното првенство постигна 13 гола на 13 натпревари.