Во големото финале, тимот од Атина го распарчи Реал Мадрид со 95-80 и го презеде тронот од тимот кој лани триумфираше во елитното натпреварување и цела сезона љубоморно го чуваше врвот на табелата. И сето тоа во само три четвртини бидејќи „детелинките“ ја преспаа првата во која примијаа 36 поени и губеа со 11 поени разлика.
Почнувајќи од втората, Панатинаикос ја стегна одбраната, до полувреме намали на четири поени (50-54). Во второто полувреме на противникот му дозволи само 23 поени. Во вториот дел, кошаркарите на Реал Мадрид едвај можеа да го видат противничкиот кош, нешто што ретко му се случуваше на мадридскиот гигант последните две сезони.
Костас Слукас со 24 поени беше најефикасен во тимот на Панатинаикос, Нан додаде 21, а Лесор 17. Џанан Муса го предводеше Реал со 17 поени. Ова е прва титула за ПАО по ерата на Жељко Обрадовиќ кој си замина од клубот во 2013 година и кој освои пет од досегашните шест трофеи на грчкиот гигант.