Германија имаше предност од два гола во првото полувреме, но потоа Јужна Кореја го сврте резултатот во своја корист и замина на паузата со 11-10.
Ракометарките на Германија во вториот дел имаа проблеми во нападот, а тоа го користеше Јужна Кореја која поведе со 18-14. Сепак, драматично беше во завршницата кога резултатот беше 21-21, но Јужна Кореја потоа го шокира фаворитот.
Еун-Хе и Киунг-Мин постигнаа по шест голови за Јужна Кореја.