Новак Ѓоковиќ е олимписки бог, влезе во бесмртните – конечно го освои златниот медал на ЛОИ во Париз!
Ѓоковиќ ја имаше првата брејк топка во вториот гем од сетот, но успешно се одбрани Шпанецот, по што Србинот повторно го нападна неговиот ривал, но пропушти три-брејк топки во четвртиот гем.
Алкараз потоа заигра подобро и притисна, меѓутоа Ѓоковиќ успешно се бранеше во продолжение и спаси дури осум брејк-топки, по што во тај-брејк се решаваше победникот, односно српскиот тенисер славеше со 7-3.
Во второт сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и успешно ги освојуваа гемовите до 6-6, каде што Алкараз целосно се распадна, додека Ѓоковиќ лесно освојуваше поени до 7-2.
Ѓоковиќ во својата богата кариера е најтрофеен тенисер по број на гренслем-пехари, односно има 25, но во колекцијата му недостигаше златниот медал.