Лондонскиот тим Арсенал славеше во денешниот меч против Њукасл и така ја запиша четвртата победа во последните пет натпревари во Премиерлигата, а со тоа се израмни по број на бодови со Вест хем на четвртата позиција на табелата.

Мартин Одегард ја имаше првата посериозна шанса за „топчиите“ во 21. минута кога испрати одличен удар од прекин, но неговиот шут го скроти Мартин Дубравка, по што Џонџо Шелви се закани кон голот на Арон Ремсдејл, но голманот остана на висина на задачата.

Арсенал го скрши отпорот на гостите во 56. минута преку Букајо Сака, а победата ја потврди Габриел Мартинели, и тоа само две минути откако влезе во игра во 66. минута.

„Топчиите“ се на петтата позиција поради полошата гол-разлика од Вест хем, но и двата тима имаат по 23 бодови. Пред нив е Ливерпул со 25, Манчестер сити има 26, а Челси е лидер со 29 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore