Брентфорд со победа од 2-1 (1-0) триумфираше над Кристал Палас во новата сезона во Премиер лигата. Средбата на „Брентфорд Комјунити Стадион“ понуди три голови и важна победа за домашниот тим.
Се играше остро, а во 25 минута вистинска мајсторија изведе Еберечи Езе. Фудбалерот на Кристал Палас со перфектен шут од слободен удар погоди од стативата во голот, но судијата пред топката да влезе во мрежата сигнализира прекршок од страна на негов соиграч.
Бргу потоа Брајан Мбаумо на Брентфорд му донесе водство од 1-0 во 29. минута, а израмнувањето стигна во 57. минута. Тогаш Итан Пинок сам си ја затресе мрежата за 1-1.
Сепак, Брентфорд успеа да дојде до победа преку Јоане Виса кој искористи една одбиена топка и пред самиот финиш донесе водство од 2-1, и конечна победа за домаќинот.