Кошаркарската репрезентација на Македонија триумфираше над Полска со 88:74 во последниот натпревар од квалификациите за ЕП.

Нашата селекција беше без шанси за место на европското првенство, но сепак одигра солиден натпревар во Скопје и успеа уште еднаш да ја совлада Полска, која претходно ја победивме и на нејзин терен.

Ти Џеј Шортс беше лидер на Македонија и нерешлива енигма за полјаците, а одлична партија прикажа и центарот Андреј Маслинко кој не промаши ниеден шут од игра.

Првата четвртина ја добивме со 26:19, а предноста ја задржавме и на полувремето (45:39).  на овој циклус кој го завршуваме на третата позиција во групата Х зад Литванија и Естонија.

Брилијантниот Ти Џеј Шортс со 23 поени беше прв стрелец, Андреј Маслинко беше одличен и постигна 22 поени, а извонредна партија имаше и Лејсон Зекири со 17 поени, 7 скока, 4 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.

Во поразениот тим на Полска по 13 поени постигнаа Плута, Михалак и Коленда.

Македонија во овие квалификации  за ЕП го освои третото место во Х групата, двапати ја победи Полска, а по двапати губеше од Литванија и Естонија.