Џордан Појер, играчот на Бафало Билс, призна дека има проблеми со консумирањето алкохол.
Џордан Појер е силен сејфти и капитен на Бафало Билс и во новиот текст за „Players Tribune“ зборуваше за своите проблеми.
На почетокот на текстот тој се претстави и објасни дека ова мора да го каже поради семејството и себеси:
„Не ми е лесно да го направам ова, но морам да го направам тоа за мојата ќерка, сопруга, семејството, како и за себе. Јас сум Џордан Поер, капитен на Бафало Билс и сум алкохоличар. Добро е чувството да се признае ова, голем дел од моето отрезнување води кон вистината, морам да бидам јас.И навистина сум изненаден колку ми е лесно да се отворам кон луѓето затоа што создадов во мојата глава којзнае какви сценарија, имав дури и предрасуди и бев многу нервозен пред првиот состанок на анонимните алкохоличари во март“, изјави Џордан Поер.
Џордан раскажа како изгледало кога сето тоа морал да им го признае на соиграчите.
„Полека почнувам да сфаќам дека вистината е слободата, кога ги видов моите соиграчи летово не знаеја дека сум трезен четири месеци. Тоа никогаш нема да го заборавам, седевме и се шегувавме, разговаравме, па јас само им кажав дека ме виделе пијан претходно и дека сум свесен дека имам проблем, но дека почнав да го решавам проблемот и да не пијам повеќе. Бев нервозен и не знаев како ќе реагираат , мислев дека ќе ми се смеат и ќе се шегуваат и бев подготвен за тоа.Но не беше така,ми покажаа поддршка,љубов и почит,без двоумење.Ме воодушевија,тие ми се браќа, ме охрабрија да излезам јавно и да го споделам ова со вас“.
На крајот, тој рече:
„Не згрешив, а сега се подготвуваме за Супер Боул, ќе бидам поподготвен од било кога. Моето тело е во одлична состојба, мојот ум е остар и подготвен сум за се што ќе донесе иднината. Не е лесно да се дојде овде, но вредеше. Вистина – слобода – вредеше“, заклучи Џордан Појер.