Дејвис куп репрезентацијата на Русија се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир во Мадрид, а за тоа се погрижи Данил Медведев.
Вториот тенисер лесно се справи со најдобриот шведски играч Микел Имер и триумфот во два сета (6:4, 6:4) на тимот му го донесе вториот бод.
Претходно, Андреј Рубљев, многу потешко, по три сета (6: 2, 5: 7, 7: 6) го совлада Елиас Имер.
Медведев немаше многу проблеми против Микел Имер и доволна му беше по еден брејк разлика во двата сета.
Но, важно е да се истакне дека Медведев имаше „жолти минути“ и поради тоа еднаш го загуби сервисот во првиот сет, односно дури двапати во вториот.
При резултат 5:2 сервираше за меч, но тогаш направи многу грешки, па бесот го истури на микрофонот покрај теренот, поради што доби опомена.
Но, во поголемиот дел од натпреварот играше со половина сили, би се рекло, колку што му беше доволно за триумф.
Русија во сабота во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Германија (13.00 часот), која во четвртфиналето беше подобра од Велика Британија.
Во второто полуфинале в петок од 16.00 часот се среќаваат селекциите на Србија и Хрватска.