Елмас сезонава има шест гола и три асистенции за Наполи, а нема стратег кој не го истакнува делот дека Спалети има голем адут во Елмас, поради фактот што може да игра на секоја позиција во средниот ред, ама на Андреа Бакони, тактичар кој во еден период работеше и во Интер во овој сегмент како помошник на шефот на стручниот штаб, не му е по ќејф настапот на Елмас.

Според него, Елмас не е на врвно тактичко ниво.

„Елмас беше меѓу најдобрите против Сампдорија? И да е така, мене и понатаму не ми се допаѓа како играч. Секогаш е со наведната глава и неубедлив е кога станува збор за втрчувањата. Тактички не е најдобар, а плус постојано се ‘губи’ во дриблинзите и избира потег повеќе“, вели Бакони.

Тој е тренер за тактика, кој во кариерата работел во Пиза, Бреша и Палермо, а во Интер мина две години во периодот од 2014 до 2016 година