Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус.
Репрезентативецот на Србија претпладнето пристигна во просториите на Јувентус за да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот, а од таборот на „старата дама“ ги овековечија сликите на официјалниот Твитер профил како тоа изгледаше.
Според неофицијални информации, обештетувањето ќе изнесува 75 милиони евра со бонуси, а српскиот напаѓач ќе заработува седум милиони евра по сезона во дресот на „старата дама“.
Влаховиќ во Јувентус ќе го носи дресот со број 28.