Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси синоќа повторно ја погоди гредата од голот на Лил во победата на својот тим од 5:1. Меси биеше од слободен удар, но топката заврши во рамката на голот.

Аргентинецот по 7-ми пат оваа сезона ја погодува стативата, што го става на првото место на оваа необична статистичка листа во ТОП 5 лигите во Европа. Ниту еден друг играч во Топ 5 лигите во Европа не успеал толку пати во досегашниот дел од сезоната да ја погоди рамката од противничкиот гол.

Роберт Левандовски од Баерн Минхен 6 пати сезонава биел во стативата, Раул де Томас (Еспањол), Набил Фекир (Бетис) и Тами Абрахам (Рома) по 5 пати.