Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен му се врати на фудбалот и одигра еден час за новиот клуб Брентфорд, на пријателски натпревар зад затворени врати.
Плејмејкерот го имаше првиот меч по осум месеци, по страотниот момент на Европското првенство (ЕП) на кое тој колабира на терен поради срцев удар. Не се знаеше дали Ериксен повторно ќе игра фудбал, но еве го, пак се активира на Островот.