Диего Синагра, синот на Диего Марадона, е уверен дека Лионел Меси по само една година ќе го напушти Пари Сен Жермен и ќе се врати во Барселона. Иако Меси важи за најдобар играч на ПСЖ оваа сезона, тој не делува толку убедливо како во Барселона. На 22 натпревари има седум гола и девет асистенции.
“Сигурен сум дека ќе се врати во Барселона. Можеби ова лето. Тој не изгледа среќен таму. Тој е одличен играч, и кога играте како него, тогаш можете да играте каде било во светот. Но, тој треба биде во Барселона“, нема сомнеж во тоа“, изјави синот на Марадона.
Диего Армандо Марадона Синагра е роден во 1986 година по вонбрачна врска додека Марадона играше за Наполи. Мајката на Кристијан Синагра, која го одгледала, му го дала целото име на татко му за никогаш да не може да избега од фактот дека е негов син. Италијанскиот суд го призна татковството во 1993 година, но Марадона го прифати за син дури во 2007 година, четири години откако се запознаа.